Програма за зголемување на пазарното вработување
Да се креираат над 2.000 директни или индиректни работни места и да се зголеми нето приходот за 1,5 милиони евра на повеќе од 1.000 мали и средни претпријатија.
Такви резултати во наредните четири години треба да даде програмата за зголемување на пазарната вработливост, на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Ќе ја спроведува Свисконтакт во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.
За примена на програмата денеска ќе биде потпишан меморандум за разбирање за заемна соработка меѓу претставници на Амбасадата на Швајцарија во Македонија и на Владата на РМ. Првата фаза од програмата ќе трае до април 2019, со буџет од 6,25 милиони швајцарски франци.
Програмата работи во три сектори во економијата: туризам, креативна индустрија и зелена економија. Во соработка со приватниот сектор ќе се работи на подобрување на можностите за зголемен пристап до меѓународните, регионалните и домашните пазари, на развој на производи, пристап до финансии и квалификувана работна сила со цел да се обезбеди раст на претпријатијата.
Ново на Сител
-
Членови на анархистичката група Рувиконас фрлија летоци пред домот на новоизбраниот грчки претседател поради железничката несреќа
-
Њујорк тајмс: Стејт департментот планира да купи Сајбертрак блиндирани возила на Tесла за 400 милиони долари
-
Kaj 22-годишна девојка пронајдени три кеси марихуана | ВИДЕО
-
Трамп најави средба со Путин во Саудиска Арабија
-
За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Градоначалникот на Тирана останува во притвор