Програма за борба против корупција за тинк-тенк организации од регионот
Вработените во тинк тенк организации од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија до 13 февруари имаат можност да аплицираат за учество во програмата за 2017 година за борба против корупцијата, организирана од Друштвото за надворешна политика, Германија.
Како што соопштија денеска од германската Амбасада, темата на програмата за 2017 година е борбата против корупцијата и неформални практики во земјите кандидати за пристап во ЕУ. Таа е поддржана од германското Министерство за надворешни работи со средства од Пактот за стабилност.
Програмата „Think Tanks Providing Research and Advice through Interaction and Networking“ (TRAIN) на независните институти за политичко истражување од регионот им нуди можности за усовршување и поврзување со цел зајакнување на дијалогот меѓу тинк тенк организациите и политичките актери.
Од 2010 година програмата „Think Tanks Providing Research and Advice through Interaction and Networking“ (TRAIN) поддржува тинк тенк организации од земјите на Западен Балкан во нивното работење за прашања околу интеграцијата во ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Екс амбасадорот во Бугарија - Марјан Ѓорчев
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години