Прогласени најдобрите просветни работници во Делчево

По повод Светскиот ден на учителите синоќа во Делчево беа доделени признанијата на најдобрите наставници и професори во основните и средното училиште од градот.
Најдобар просветен работник на ниво на општина Делчево и припадна на професорката по одделенска настава, Васка Филиповска која воедно е прогласена и за најдобар просветен работник во матичното училиште „Св.Климент Охридски“.
-Како професор по одделенска настава Филиповска зад себе има стаж од 15 години во кој со огромен ентузијазам за работа се обидува наставните предмети да им ги претстави на учениците како мошне интересни, да им ги доближи и да им станат едни од поомилените. Во текот на работниот стаж има посетено разни обуки и семинари на кои го збогатила своето знаење, а во интерес на унапредувањето на знаењето на учениците, рече Горан Димитровски, директор на ООУ „Св.Климент Охридски“.
Во Општинското основно училиште „Ванчо Прке" за најдобар просветен работник е прогласена наставничката по математика Нада Ѓорѓиевска, додека во средното општинско училиште професорот Весна Соколовска.
Најдобрите просветни работници од својата работна организација добиваат награда по 3.000 денари, додека професорот по одделенска настава Васка Филиповска е добитник и на наградата која исто така е во висина од 3.000 денари, а ја доделува Општина Делчево.
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
