Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила 300 евра поткуп од студент за да му овозможи положување на испит.
Според информациите, на 22.06.2026 година студентот К.Б. (26) од Турција, кој има привремен престој во Штип, пријавил дека професорката Т.А. (39) од Штип побарала пари за да му овозможи да го положи испитот што дополнително требало да го полага.
По пријавата, во координација со Основното јавно обвинителство Штип, биле преземени мерки и на студентот му биле дадени крим-технички обработени три банкноти од по 100 евра.
На 29.06.2026 година во Штип, при примопредавањето на парите, полициски службеници ја лишиле од слобода професорката веднаш по приемот на 300 евра.
Парите се одземени, а осомничената е задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава за „примање поткуп“.
Ново на Сител
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
