Македонија
19. May 2022 - 16:34

Проф. д-р Митко Панов - за историјата не може да се преговара туку само разговара и тоа согласно европски вредности

Цар Самуил самиот е синоним за Македонија и тоа низ историјата сите го признавале, смета професорот Митко Панов. Според него дали тоа ќе се користи од политички и други интереси и дали Самуиловата држава ќе се етнизира е  друго прашање. Историографските дебати за Самуил Комитопулот и неговата држава беа тема и на предавањто кое професорот Панов го одржа во Струмица.

„Она што е клучно во однос на Македонија, Охридско Преспанските краишта, Југозападна Македонија која што била јадро на Самуиловата држава таа е таа идеолошка програма или политичка програма врз која ја темелел државноста Самуил и сите тие традиции постојано биле присутни на овие простори, за разлика од другите држави кои што после, да речеме крајот на Византија веќе се забораваат, односно Самуил е заборавен или игнориран во традициите што не е случај да кажеме во овој регион на Македонија“, вели проф. Митко Панов.

Професорот Панов вели историјата не може да се преговара. Според него секоја  нација во светот има неотуѓиво право на свој национален наратив кој го граделе врз основа на традиции. За случајот со Македонија и Бугарија вели дека не кореспондира со карактерот и природата на историската наука. Вели може да се разговара во рамки на комисии но та да биде согласно европските вредности и на рамноправно ниво.

„Не гледам некој друг случај освен Република Македонија да биде соочена со некој ваков тип на преговори и тоа наложени од политички договори што не кореспондира апсолутно со карактерот или природата на науката како наука, историската наука. Од тие причини сметам дека да, мое да се разговара во рамките на комисии, меѓутоа тоа да биде на ниви на Европските вредности како што е Германско Полската која што со децении разговараат, меѓутоа разговараат на рамноправно ниво, со европски вредности, гледаат како да се гледа на Европа заеднички, на светот заеднички а не да се гледаат да се ре интерпретираат националните наративи кои што се дел од идентитетот на секоја нација,“ вели професорот Панов.

Панов  е со став дека историјата не смее да се политизира, поготово инсистирањето сето тоа да влезе во учебниците, пример по кој Македонија била оригинална во европски и светски рамки.