Македонија
9. July 2015 - 14:35

Проектот „Топлотен бран“ се спроведува во општина Кисела Вода

Обележано возило на Црвениот крст патролира низ најфреквентните улици во општина Кисела Вода. На граѓаните им се дели студена вода за пиење, се даваат медицински совети на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешки случаи е обезбеден и транспорт до нивниот дом.

Граѓаните може да добиваат совети и корисни информации за тоа како да се заштитат од високите температури од дежурен лекар. Граѓаните можат да добиваат информации на бројот 071 216 823, секој ден од 11 до 16 часот.

Овие активности се во рамки на проектот „Топлотен бран“, кој општина Кисела Вода и годинава го спроведува во соработка со општинската организација на Црвениот крст-Кисела Вода заради полесно справување со високите температури.

Како што информира општина Кисела Вода, се работи за проект во кој локалната самоуправа учествува со кофинансирање.

Активностите се реализираат од почетокот на јули и ќе траат до почетокот на септември.