Проектот „Македонија вработува“ пред крушевчани

Агенцијата за вработување денеска на градскиот плоштад во Крушево ќе ги презентира поволностите што ги нуди проектот „Македонија вработува“.
Досега вакви презентации се одржаа во повеќе градови низ државата на кои граѓаните се запознаа со можностите за вработување преку овој проект.
Преку проектот може да се вработат лица од повеќе категории. Оние до 35 години, кои се три месеци невработени, а за нивното вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси три години со обврска една година да ги задржат на работа.
За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање на придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа. За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање на придонеси, додека за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање на придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа.
Ново на Сител
-

Официјално отворање на шестата еко-акција Генералка викенд
-

Над 27.000 деца ќе учествуваат на „Плазма - Спортските игри за млади“
-

Облачно со дожд и ветер
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
