Живот
28. October 2015 - 10:37

Проектот кој го менува светот - Со музика против педофилија

Проектот #CrazyEnoughToChange TheWorld продолжува да го менува светот на подобро со новиот видео-спот за бендот „Љубичици“.

По големиот успех на спотот на бендот С.А.Р.С. за песната „Практична жена“ кој испрати силна порака против семејното насилство, овој пат силите ги здружија со младиот бенд „Љубичици“ за да го свртат вниманието на уште еден важен општествен проблем, а тоа е педофилија.

Спотот на „Љубичици“ за песната „Ловина“ кој премиерно е прикажан на МТВ каналот, всушност е шокантна метафора за секојдневната ситуација која покажува дека родителите често не размислуваат за луѓето и опасностите кои ги опкружуваат нивните деца во паркот, на улица или во училиште.