Македонија
24. March 2016 - 17:58

Проекти за подобро водоснабдување во селата Турско Рударе и Кундино

Договор за финансирање на проектите: „Водоснабдување на село Турско Рударе“ и „Доизградба на систем за водоснабдување на село Кундино“ денеска потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски.

По потпишувањето на договорите, министерот Изаири и државниот секретар во Министерството, Соња Лепиткова изразија задоволство што со реализација на овие проекти ќе се подобри водоснабдувањето во овие населени места и воедно ќе се реши долгогодишниот проблем со чиста вода за пиење со кој се соочуваат граѓаните од општината.