Проект за превенција од кражби во општина Кисела Вода
Освежувачи за воздух за во автомобил на кои е испишана пораката ““Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил” на возачите низ Кисела Вода им делеа претставници од Општина Кисела Вода, Одделението за превенција при СВР Скопје и ПСОН-Кисела Вода.
Активностите се дел од проектот за подобрување на општата безбедност на граѓаните и нивниот имот кои заеднички го спроведуваат овие институции. Покрај советите за превенција кои ги добија возачите, вакви освежувачи со порака, беа оставени и на голем број паркирани возила кои често се мета на криминалците.
Покрај наведените активости за подигнување на свеста кај граѓаните во наоска на превенција од тешки кражби, беше одржана и средба со претставници на месните и урбаните заедници, на која присуствуваа и претседатели на куќни совети од повеќе згради од општината.
На истата, се дискутираше за превентивните мерки што треба да се превземат за заштита на домовите од кражби и беа поделени летоци со конкретни совети кои потоа беа залепени на влезовите во зградите. Спроведувањето на проектот и соработката на Општина Кисела Вода со Одделението за превенција при СВР Скопје и ПСОН-Кисела продолжува и во наредниот период.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза