Проект за нова топловодната мрежа во општина Гази Баба
Градоначалниците на град Скопје и на Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски и генералниот директорот на ЕЛЕМ Христијан Мицковски денеска во Хиподром го промовираа проектот за проширување на топловодната мрежа на „ЕЛЕМ Енергетика“ во повеќе населени места во оваа општина.
Во реализацијата на овој проект АД ЕЛЕМ ќе учествува со 50 проценти, додека град Скопје и општина Гази Баба ќе учествуваат со по 25 проценти.
- Со овој проект е предвидена поддршка и субвенционирање на изградбата на потстаниците, примарната и секундарната топловодна мрежа, како и мрежата за греење во самите објекти за колективно домување. Потстаниците, примарната и секундарната мрежа ќе биде изградена од АД ЕЛЕМ, град Скопје и општина Гази Баба, односно ќе се изградат и инсталациите во самите станови, а потоа граѓаните ќе ја отплатат на повеќе рати. Сметам дека овој проект ќе предизвика голем интерес кај граѓаните, а со овој проект ќе се опфатат околу 1.050 домаќинства, истакна градоначалникот Трајковски.
Градоначалникот Трајановски нагласи дека станува збор за одличен проект кој, како што рече, ќе има не само финансиски туку и еколошки бенефити за Скопје и неговите жители.
- Во континуитет работиме и го помагаме зголемувањето на топловодната мрежа за греење на БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика, бидејќи сметаме дека тоа е најефикасниот начин за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје. Со овој проект ќе се опфатат околу 1.050 домаќинства, кои од наредната грејна сезона ќе користат еколошки и енергетско ефикасен систем за централно греење, а не дрва и други видови горива коишто повеќе загадуваат, рече Трајановски.
Покрај еколошкиот момент и енергетската ефикасност, со зголемувањето на бројот на корисниците на овој вид греење, Трајановски очекува намалување на цените за греење и финансиски бенефит за граѓаните.
Генералниот директор за АД ЕЛЕМ Мицковски истакна дека проектот го работат повеќе од една година и додаде оти првичните анкети направени меѓу жителите на овие неколку населби покажале дека постои голем интерес за приклучување на нивната мрежа за централно затоплување на домовите.
- Во моментов се работи на изготвување студии и проекти за изведбата, кои очекувам да завршат до крајот на август, по што ќе се распишат јавни набавки за изведба на овие мрежи. Она што АД ЕЛЕМ го презема како обврска е да обезбеди бескаматно кредитирање за изградбата на топловодните инсталации во самите домаќинства, изградбата граѓаните ќе ја отплаќаат на повеќе години, а цената ќе биде пресметана во сметките за греење, рече Мицковски.
Ново на Сител
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат
-
Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица
-
Лиза Кудроу за скриената порака од Метју Пери
-
Поради зголемена бучава затворена авто-перална во Карпош
-
Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп
-
Кривична за три лица за претепување на бездомното куче Феликс кое угина пред два дена
-
ДУИ: Македонците ја мразат ДУИ затоа што ги зајакна Албанците