Проект за изградба на пречистителна станица во Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски денеска оствари средба со претставничката на СЕЦО за Југоисточна Европа, Франсоа Саламе. На средбата стана збор за еден од проектите што е особено важен и за Кочани и за Швајцарскиот секретаријат за економски прашања – проектот за изградба на пречистителна станица за третман на отпадните води во Кочани, најголем во сите 19 земји каде што СЕЦО реализира проекти.
- Акцент на средбата беше ставен на подготовките за почеток за изградба на пречистителна станица, коишто веќе се завршени, на почетокот на реализацијата, но и на одржливоста на проектот. Проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Кочани се реализира со грант од 21 милион швајцарски франци од Владата на Швајцарија и со близу 2 милиона евра од Буџетот на Република Македонија, истакна Димитровски.
Партнери во реализирањето на проектот се Општина Кочани и КЈП „Водовод“, за чии идни генерации ќе се обезбеди капитален објект за заштита на животната средина.
Рокот за завршување на пречистителната станица е до декември 2018 година.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
