Проект на МВР за спречување кражби во автомобили
Одделението за превенција при СВР Скопје од денеска почнува да го спроведува проектот „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“. Активностите ќе почнат на улицата „Народен фронт“, во непосредна близина на трговскиот центар „Беверли Хилс“.
Како што информира МВР, во текот на ноември и декември во соработка со Општина Центар ќе се реализираат активности поврзани со оваа кампања. Ќе се организираат тематски средби со месните и урбаните заедници на подрачјето на општината и ќе се дистрибуираат флаери со пораката „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.
- Основната цел на кампањата е подобрување на општата безбедност на граѓаните и имотот, односно преземање превентивни мерки и активности за подигање на свеста кај граѓаните и споделување на одговорноста во насока на превенција од тешки кражби во патничките моторни возила, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Затвореник почина во Идризово
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица