Проект на младите правници за правна поддршка на лица и семејства со ниски приходи
Здружението на млади правници преку проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на лица и семејства со ниски приходи“ им помага на социјално ранливите категории во земјава да дојдат до правда во судските институции. Маја Атанасова од Зружението на млади правници вели дека со овој проект опфатена е целата држава, а во Пробиштип на средбата со лицата и семејствата со ниски примања им е презентирано, што тие како Здружение можат да направат за нив, доколку сакаат да дојдат до правда.
-Она што ние им го овозможува на граѓаните е да добијат бесплатна информација во однос на одредени генерални првани прашања, коишто ги имаат повеќето луѓе во Република Македонија. Доколку станува збор за помош, којашто им е неопходна за судско постапување или застапување пред административни органи се поведува постапка, согласно Законот за бесплатна правна помош, вели Атанасова.
Адвокатот Панче Докузов забележува дека социјално ранливите семејства не помислуваат да покренат судски постапки, заради судските такси што мора да ги платат.
Според него, во новиот закон за бесплатна правна помош треба да се вклучат адвокатите, кои ќе ги пренесат своите искуства. Смета дека на законите треба да работат екперти и практичари од самата фела, а не некој да ги препишува од некои од европските земји.
Закон за бесплатна правна помош почна да се применува пред осум години. Одребите се рестриктивни и реално на помош може да се надеваат одвај 18.000 граѓани од државата.
Здружението на млади правници проектот го реализира со здружението „ПИН“ од Љубљана Словенија, а е финансиран со европски пари.
Ново на Сител
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари