Проект на граѓански организации за зголемување на капацитетите за градење мир и помирување
Осумнаесет граѓански организации од регионот на Западен Балкан и Турција работат на спроведување на проект кој има за цел зголемување на капацитетите за градење на мир и помирување, информираа имплементаторите на проектот.
Станува збор за четиригодишен регионален проект насловен „Поделено минато – Заедничка иднина“, кој е финансиран од Европската унија и кој има за цел премостување на разликите меѓу различните заедници во земјите од Западен Балкан и Турција.
Во спроведувањето на Проектот се вклучени 18 организации од 7 земји, заедно со партнер организации од Словенија, Хрватска и Австрија. Тие заеднички работат на создавање на силна одржлива меѓусекторска платформа за соработка во областа на спроведување на политиките за градење на мир и помирување преку иновативни механизми.
- Во моментов бројот на конфликти во и меѓу земјите од Западен Балкан и Турција се зголемува. Овие конфликти често се етнички и религиски засновани. Во последните години се соочуваме со фактот дека мирот и помирувањето како тема станаа „непопуларни". Токму од овие причини, граѓанското општество станува фрагментирано и оспорувано. Сепак, граѓанските организации треба да бидат подготвени и информирани, како и да бидат главен актер во градењето на политиките за мирот и помирувањето. Главната цел на овој проект е да се препознаат и признаат граѓанските организации од страна на регионалните влади како важен општествен фактор со силен капацитет во активностите за градење на мирот и помирувањето, посочуваат имплементаторите на проектот.
Тие наведуваат дека проектот има за цел создавање силно и подготвено граѓанско општество препознаено од страна на владите во земјите од Западен Балкан и Турција како важен општествен фактор со силен капацитет во спроведување на агендата за градење на мир и помирување кое придонесува за безбедноста и стабилноста на регионот во процесот на интеграција во ЕУ.
Останати цели на проектот се зајакнување на регионалната соработка, зголемувањето на кредибилитетот, општествената улога и ефективноста на граѓанските организации, спречување на радикализација, како и олеснување на меѓуетничкиот дијалог во регионот на Западен Балкан и Турција.
Како главни активности кои се спроведуваат во рамки на проектот се: истражувања, застапување, иновации, тестирање на социјални иновации, активности за градење капацитети, креирање на бизнис модел, дијалог со засегнатите страни и воспоставување партнерства, додаваат имплементаторите на проектот.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје