Проект „Чиста околина“ за Светскиот ден на животна средина

На повеќе локации во државава денеска ќе се спроведат активности за отстранување несоодветно одложен отпад, со што се реализира проектот „Чиста околина“ дел од пролетната акција од кампањата „Македонија без отпад”.
По повод Светскиот ден на животната средина, проектот го спроведуваат Агенцијата за млади и спорт во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Сојузот на извидници на Македонија и општините со јавните комунални претпријатија.
Во акцијата ќе учествуваат активни истакнати спортисти кои воедно ќе испратат порака до младите за поголема свесност за заштита на животната средина.
Според најавите, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети ќе се приклучи во акцијата за отстранување несоодветно одложен отпад во општина Сарај, а директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски во акцијата во општина Неготино, каде ќе се чисти просторот околу спортската сала „Младост”
Кон акцијата за приклучува и Општина Кавадарци каде ќе се изврши подводно чистење на отпад на Тиквешкото Езеро од страна на нуркачкиот клуб „Врело“, како и општина Конче со чистење отпад на местото викано Ирон Дол во близина на Лубница.
За денеска напладне е најавена и акција за чистење на Средно Водно во организација на Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД. Покрај расчистување на планината, акцијата има цел и да зголеми свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина.
Најавено е учество на 15-ина волонтери кои ќе носат маици со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“.
Ново на Сител
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
-

Утврдени кандидатите за новата ДИК
-

Минчев најавува реформи во државната служба - нема веќе доживотни и недопирливи функции
-

Мицкоски од Давос: Инвестиција од 100 милиони евра во развој на трет мобилен оператор
-

Синдикатите излегуваат на протест на 28 јануари за повисоки плати
-

Првиот долгометражен филм на Косара Митиќ „17“ ќе има своја премиера на 76. Берлински фимски фестивал
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
