Проекција на „Ослободување“ на Јуриј Озеров во Кинотека на Македонија
Во рамки на програмата за одбележување на Денот на победата над фашизмот, Руската амбасада во соработка со Кинотеката на Македонија вечер во 20 часот организира проекција на филмот „Ослободување“ снимен во СССР, 1970 година.
Како што информираат од Амбасадата, ќе биде прикажан првиот дел од циклус од четири филма насловен во режија на Јуриј Озеров, кој се смета за едно од најголемите епски платна во светската кинематографија за Втората светска војна.
- Македонските гледачи ќе имаат можност по прв пат да го гледаат првиот дел на циклусот со македонски превод, во кој се раскажува за најграндиозната тенковска битка во историјата – Курската битка, се наведува во соопштението од Руската амбасада.
Пред почетокот на проекцијата на присутните со воведен збор ќе им се обратат Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак и директорот на Кинотеката на Македонија Бошко Грујоски.
Влезот за проекцијата е слободен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација
-
Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација