Продолжуваат разговорите на работните групи за законот за јавно обвинителство
Разговорите меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статсус на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат денеска во 15 часот во Министерството за правда.
Според министерката за правда Рената Дескоска, ВМРО-ДПМНЕ со 65-те амандмани за законот за јавно обвинителство има намера да го уништат Специјалното јавно обвинителство и да се запрат сите постапки.
-Со тие амандмани се уништува СЈО, се уништуваат истрагите, предистражните постапки и постапките кои ги презело СЈО. Тоа не се амандмани кои можат да го подобрат текстот, вели Дескоска.
Таа не е оптимист дека ќе биде постигнат договор со ВМРО-ДПМНЕ, но, сепак, како што вели не се откажуваат од процесот на разговори.
Законот за јавно обвинителство се носи со двотретинско мнозинство и е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија.
Ново на Сител
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
-
Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата
-
Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“
-
Дембеле се врати на тренинзи по повредата
-
НБА: Јута го продолжи договорот со тренерот Харди
-
Ф1: Алпин размислува за замена на возачите, Колапинто на местото на Дуан
-
Кривична пријава против фудбалерите на Гостивар за напад на полицајци по мечот со Струга