Продолжуваат протестите во Словенија поради затворањето на училиштата
Во Словенија и денеска продолжија протестите на родителите и учениците, кои реагираат на долготрајното затворање на образовниот систем, додека премиерот Јанез Јанша рече дека протестите се политички мотивирани и претставуваат злоупотреба на деца.
Според новата одлука на Владата, денеска, втора недела по ред, работата на градинките и првите три одделенија во основните училишта во седум области може да продолжи, додека во пет од нив повторно е воведена онлајн настава, а градинките работат само за основни потреби.
Ова значи дека околу 16.000 ученици од основните училишта ќе имаат настава од дома, а околу 48. 000 во училиштата, додека во целата држава за повисоките одделенија во основните училишта и за средните училишта ќе продолжи онлајн наставата.
Освен протестите во два региона каде што беше воведено учење од далечина, денеска се одржаа протести и акции со симболично оставање ташни пред училиштата во повеќе градови, покрај Копер и Трбовље, и во Љубљана, Марибор и некои други места.
Протестот во саботата низ улиците на Копер и Трбовље, на кој се собраа околу илјада ученици и родители, премиерот Јанша го оцени како „неразумно и опасно искористување на децата во политички цели“.
Во порака на Твитер, словенечкиот премиер наведе дека епидемиолошката состојба во земјата и во двата региона кои повторно се „затворени“ ќе биде подобра доколку нема спротивставување на владините мерки.
Ново на Сител
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани
-
Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници
-
Претрес во валандовско, пронајдени бела прашкаста материја и шприц
-
Провалиле кај кавадарчанец и украле 10 литра ракија и пари
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред