Loading Video...
Балкан
14. July 2020 - 17:06

Продолжуваат протестите во Бугарија, демонстрантите бараат оставка од Бојко Борисов

Демонстрации на Балканот. По Србите и Грците, сега и Бугартите излегоа на протест. Тие протестираат против актуелната влада.

Петти ден по ред, граѓаните бараат оставка од премиерот Бојко Борисов и главниот јавен обвинител поради корупција. Освен во главниот град Софија, протести има уште во 11 други градови, кои засега се одвиваат мирно.

Протестите во главниот град почнаа минатиот четврток, кога повеќе илјади граѓани излегоа на улица , да  му дадат поддршка на претседателот Румен Радев. Протестите почнаа поради наредбата на обвинителството за апсење на двајца високи функционери од администрацијата на Радев.Токму овој потег јавноста го оцени како политички напад врз претседателот, кој изминатиов период остро го критикуваше Борисов.

И покрај забраната за групирање на повеќе од 10 лица во Србија поради коронавирусот, граѓаните 7ми ден протестираат, против мерките на владата.