Македонија
1. August 2021 - 16:43

Продолжуваат мерките за заштита од топлотниот бран

Мерките за заштита од топлотниот бран ќе бидат на сила и во наредните денови. Надлежните за Сител потврдија  дека и натаму ослободени од работа ќе бидат бремените жени и возрасните над 60 години. Од 11 до 17 забрана за работа на отворено а оваа мерка особено важи за градежниот сектор. Според најавите од УХМР земјава ќе биде во  портокаловата фаза  се до среда, кога се очекува благ пад на температурите. Најверојатно до тогаш ќе траат мерките и препораките на Владата. Во меѓувреме, телефоните во брзата помош постојано ѕвонат и викендов.

Потешкотии во дишењето, замор и притисок се најчести проблеми предизвикани од топлотниот бран. Најголем број граѓани се јавиле со вакви проблеми во брзата помош. Кај некои било потребно да се прати екипа од службата.други добиле совет каква терапија да примат.  Бројот на повици е речиси ист како и претходните неколку дена.

Според прогнозата денеска е најтоплиот ден од неделата а температурите ќе достигнат и до 43 степени целзиусови. Апел од лекарите,  граѓаните да не излегуваат без потребно и да ги следат препораките за заштита од тропските горештини.