Продолжуваат истражувањата на Археолошки локалитет„ Коколов рид“ кај Виница
Култното праисториско светилиште „Коколов рид“ кај селото Виничка Кршла, во општина Виница петта година е во фокусот на археолошките истражувања од страна на Музејот „Теракота“ од овој град.
Наодите кои беа откриени во изминатите четири години беа дополнителен предизвик за археолозите да продолжат со нови откритија кои даваат и нова слика за археолошката карта од истокот.
- Продолжуваме со истражувањата каде што во основата на тумулот 1 откривме светилиште од бронзеното време, односно карпа изделкана во форма на круг и на периферијата од карпата имаше ритуални јами во кои пронајдовме голем број керамички садови, а откривме и еден гроб од бронзеното време. Локалитетот бил користен уште во бронзено време, втора половина на третиот милениум пред нашата ера како светилиште и за погребување. Во континуитет имаме наоди и од раното бронзено време и погребувања од 8 век пред нашата ера, а откриени се и 10 кремации од римскиот период, од вториот до четвртиот век од нашата ера. Овој локалитет е единствен во Источна Македонија со вакви откритија, изјави за МИА Јуклијана Иванова, раководителот на истражувањата.
Археолошкиот локалитет „Коколов рид“ првпат во Археолошката карта на Македонија е нотиран 1978 како тумуларна некропола од железното време.
Од истражувањата реализирани во изминатите четири години, Музејот „Теракота“ организираше изложба со откриените наоди, а научните сознанија беа презентирани и на археолошки научен симпозиум. Истражувањата и годинава се реализираат со финансиска помош на Министерство за култура и општина Виница.
Ново на Сител
-
Заклучоци на Самитот на ЕУ: Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија
-
Кошта: Да изградиме заеднички европски одбранбен систем што ќе ја одвраќа секоја агресија
-
Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори
-
Сончево и многу топло, до 40 степени
-
Украина и Русија разменија нова група затвореници согласно договорот од Истанбул
-
Русија бара Иран да продолжи со соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија
-
Викендов во Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица