Продолжуваат да важат само ланските дозволи за движење за служени потреби
Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека од дозволите за движење за време на полициски час кои ги издаде во текот на минатата година, продолжуваат да важат само дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби.
Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена цел, може да ја отпечат од својата е-маил адреса. Напоменуваме дека дозволите беа пратени од notification@uslugi.gov.mk.
Вработените во полиција, армија, безбедносно разузнавачки служби, здравствени установи, слободно се движат исклучиво за службени цели.
Физичките лица не е дозволено да се движат за време на полицискиот час за приватни потреби, освен во случаи кои се итни (медицинска грижа, аеродром, меѓународен превоз на патници), за што мора да најават на службата 192 во Министерството за внатрешни работи.
Економските оператори да го користат Образецот за издавање на дозволи за движење за време на забраната и посебниот режим на движење што беше користен за време на вонредната состојба, за потребите на своите вработени и за истото да го известуваат Државниот инспекторат за труд и Министерството за внатрешни работи.
За нови потврди, потребно е правните лица/институциите да поднесат барање за дозвола преку порталот uslugi.gov.mk. Дозволите за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекџилници, погребални претпријатија, аптеки и приватни здравствени установи, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/
Сите дополнителни прашања во однос на дозволите можете да ги поставувате на: dozvoli@mioa.gov.mк информираат од МИОА.
Владата на Република Македонија, поради состојбата со корона вирусот, вчера донесе одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот следниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана