Продолжуваат антивладините протести во Бугарија
Околу 10.000 луѓе вчера се собраа во Софија на Денот на независноста барајќи „независност од мафијата“ и оставка на Владата која ја обвинуваат за поврзаност со олигарсите.
На антивладини протести во повеќе градови се собраа по неколку илјади луѓе, а во Велико Трново, во центарот на земјата, демонстрантите извикуваа „оставка“ за време на говорот на спикерката на Парламентот Цвета Карајанчева по повод националниот празник.
„Оставка“ и „мафија“ скандираа и демонстрантите во Софија, меѓу кои имаше многу млади луѓе.
Историската зграда на парламентот вчера ја чуваа три полициски кордони врз кои демонстрантите фрлаа петарди и шишиња.
Во Софија во последните два и пол месеци секојдневно се одржуваат протести против корупција и во нив учествуваат луѓе од различни сфери и политички определби, кои бараат „живот според европските стандарди“.
Најсиромашната земја во Европската унија, Бугарија, според индексот на корупција на невладината организација Транспаренси Интернешнл е и нејзина најкорумпирана членка.
На власт речиси една деценија е десноцентристичкиот премиер Бојко Борисов, чиј мандат истекува во март следната година. Тој одби да поднесе оставка со изговор дека е загрижен за стабилноста на земјата во контекст на здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Тој на својот профил на Фејсбук напиша дека „успехот доаѓа преку дијалог, а не се конфронтација“.
Бугарскиот претседател Румен Радев, близок до опозициските социјалисти, им го честиташе Денот на независноста за „разбудените граѓани кои укажуваат на моралното пропаѓање“.
Ново на Сител
-
Коцевски демантира дека вршел притисок врз обвинители
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование