Продолжува судењето за „Титаник" на СЈО
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Титаник" за изборни нерегуларности, на кое треба да бидат слушнати „бомбите“ од доказниот материјал на Специјалното јавно.
На минатото рочиште беа пуштени дел од „бомбите“, од кои се слушаше како поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески бара од неговите соговорници да најдат противкандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година, како и тоа дека за таа услуга се бараат пари за поткупување на некој од противкандидатите.
Во „бомбите“ се слушна и како поранешната министерка за внатрешни работи Гопрдана Јанкулоска за нерегуларностите во избирачките списоци, на соговорникот му вели дека и покрај забелешките „нема да има проблеми“, бидејќи „од ДИК претходно рекле дека се е ок“.
Еден од разговорите откри и дека на една адреса се воделе по 50 луѓе, за што Јанкулоска вели дека луѓето си ги исполните условите за да добијат лични карти, и дека „не ги засега нив кој каде, што издава“. Во еден од разговорите Јанкулоска дава насоки со зборовите „индијански работи се прават за време на молк“ за жители од општини во Западна Македонија.
Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот