Продолжува судењето за „Насилство во Центар“
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Насилство во Центар“ во кој обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниел Рангелова и уште 11 други лица.
Судијката Татјана Михајлова на минатото рочиште не го прифати барањето на дел од обвинетите за одлагање на судењето, по што почна главната расправа. На рочиштето беше донесена одлука постапки за двајца обвинети во овој случај да се раздвојат. Една е против седмообвинетиот Димче Крстев, кој се пожали дека има здравствени проблеми и има потреба да ангажира адвокат, а втората раздвоена постапка е против четвртообвинетиот Томислав Лазаров, кој пред Судот рече дека се чувствува виновен и оти од оваа временска дистанца длабоко се кае.
Обвинителката Фатиме Фетаи го оцени како изненадувачко, но позитивно признанието на Лазаров.
- Тоа не само што е од значење за оваа постапка, туку е од значење и за самиот обвинет кој има право на избор на видот и висината на казната. Се работи за високообразован семеен човек, татко на две деца кој досега не е осудуван и против него не се води друга постапка. Станува збор за партиски кадар кој е впрегнат во интересите на највисокото раководство на партијата, истакна Фетаи.
На 24 ноември Лазаров беше прогласен за виновен за делото и судијката Татјана Михајлова му одреди условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.
За останатите обвинети, на чело со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, судијката Михајлова закажа четири термини за судење во ноември и декември, првото на 29 ноември.
Поранешниот премиер Груевски е обвинет од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.
Ново на Сител
-
Трите лица во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид
-
Петиција за затворање на Инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша собра над 270.000 потписи
-
Првпат во државата извршена интервенција на пациент со скршен лакт, постигната стабилизација на зглоб и враќање на функцијата на целосни движења
-
Обвинителство: Вања е грабната во 7.29, Цитроенот запален во 9.30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна
-
Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: Против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот
-
Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје
-
Мечка следела и гонела 15-годишно дете во Македонски Брод
-
Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерството за правда