Продолжува судењето за „27 април“
Во Кривичниот суд во Скопје со сослушување на сведоци продолжува судењето за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.
На минатото рочиште беа сослушани сведоците Ацо Ангеловски, Александра Богоевска Крстановска, Маријан Митевски и Алим Алими.
За случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници и граѓани. Тие спред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Ново на Сител
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ