Продолжува собраниската расправа за Зврлевски
Со серија реплики и контрареплики од пратниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на обраќањето на пратеникот Горан Манојлоски од таа партија попладнево продолжи шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.
Пратениците од мнозинството во Собранието најавија дека ќе се откажат од нивните говори со цел побрзо законски и легално да биде разрешен Зврлевски и да биде избран нов државен јавен обвинител за да почнат реформите во правосудството.
За пратениците од опозицијата барањето е неосновано и неаргументирано. Тие се повикуваат на членот 8а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери не смеат да се случуваат кога се распишани избори. Согласно тоа, порачуваат, нема можност за разрешување на Зврлевски пред 16 октомври.
- Во член 8а децидно стои дека не може додека трае изборната постапка да се одвива постапка за разрешување на Зврлевски, кој 30 години работел во оваа професија, во оваа дејност, посочи Манојлоски.
Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ праша кој може да биде постручен од оној кој работел 30 години во таа служба.
- Сите негови извештаи за работата се прифатени од Советот на јавни обвинители, посочи Деспотоски.
Во реплика на Деспотоски, Манојлоски рече дека не станува збор за незаконски, ненавремено работење, не станува збор дека го нарушил угледот на партијата, туку, како што рече, станува збор за партиски реваншизам и незаконска постапка.
По барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ претседателот на Собранието, Талат Џафери даде пауза од десет минути по што расправата продолжи.
Ново на Сител
-
Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење телефони „Ајфон“ | ФОТО
-
Познати 19 учесници за Светското првенство во 2026 година
-
47-годишник од велешко со автомобил удрил во паркирано возило, па во малолетен пешак
-
Маж од тетовско вознемирувал малолетничка, па откако нејзината мајка пробала да разговара со него, тој ја нападнал
-
69-годишен штипјанец палел оган на терасата од својата куќа и предизвикал пожар
-
Тетовец нападнал вработен во угостителски објект со остар предмет
-
Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор, Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија
-
Ѓорѓиевски: Подземната сообраќајница под „Лимак“ ќе го растовари метежот во Центар, а улицата „Даме Груев“ ќе прерасне во булевар