Продолжува растот на цените на енергетските берзи во Европа
– Цените на електричната енергија во Европа продолжуваат да растат и при денешното затворање на енергетските берзи, покажуваат податоците на платформата Energylive. Зделките се за утрешна испорака, 21 декември.
Највисока цена на струјата утре ќе има Франција – 442,88 евра за мегават/час, што е зголемување за 15,9 отсто во однос на денеска. На австриската берза струјата за утре поскапува за 25,9 отсто во однос на денешната. Таму струјата утре ќе чини 434,34 евра за мегават/час. Во Белгија поскапувањето ќе биде за 19,2 отсто, при што берзата се затвора со цена од 432,99 евра за мегават/час.
Во Грција поскапувањето на струјата е 8,2 отсто, а утре струјата ќе се продава за 342,35 евра за мегават/час.
Намалување на цената на струјата е забележано само на берзите во Шпанија и Португалија – за 3,7 отсто. На двете берзи е најевтина струја во Европа – 327,38 евра за мегават/час.
Ново на Сител
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
