Продолжува постапката против лицата кои го осквернавија гробот на Јелена, притоа вршејќи тешка кражба
Основното јавно обвинителство Куманово издаде повеќе наредби за вештачења на голем број подигнати докази при извршениот увид на градските гробишта во Куманово, каде на 10-ти октомври годинава, три лица се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети од починато лице, со намера противправно да ги присвојат.
– По наредбите се постапува, а за лицата беше поведена постапка за сторено кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Истовремено, обвинителството испитува дали постојат елементи и на други сторени кривични дела поврзани со настанот. За предметното кривично дело е запретена казна затвор во траење до пет години. Согласно, законот за кривична постапка за овие дела мерката притвор може да трае најмногу осум дена, соопштија од ЈОСРМ.
Како што наведуваат во соопштение, со оглед на тоа што прибирањето на доказите сè уште трае, мерката притвор која беше определена за еден од осомничените од страна на судија на претходна постапка е заменета со други мерки за обезбедување на неговото присуство – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, одземање на личната карта како исправа за преминување на државната граница и задолжително јавување во Основниот суд Куманово кај определено службено лице.
Овие мерки се определени од Основниот суд Куманово, со цел да се обезбеди присуство на осомничениот во натамошниот тек на постапката. Останатите двајца осомничени во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила