Продолжува комисиската расправа за предлогот Јовески да биде уставен судија
Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ја продолжи расправата за предлогот Љубомир Јовески, актуелен јавен обвинител, да биде избран за уставен судија.
Седницата по неколкумесечна пауза продолжи вчера, а опозицијата повторно со долги говори бараше владејачките партии да го повлечат предлогот Јовески да биде кандидат за уставен судија.
Заменик координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова побара збор за процедурална забелешка и бараше од претседателката на Комисијата да каже по кој член продолжува седницата. Панова зборуваше и за преиспитување на постапката на претседателката на Космијата за избори и именувања која побара судиите Татјана Васиќ Бојаџиев и Фатмир Скендер да бидат издвоени и Собранието да гласа за нив.
Претседателката на Комисијата констатираше дека Панова побарала процедурална забелешка но дека не кажала која е забелешката. Исто така кажа дека ако сметаат дека треба да бараат преиспитување на нејзината работа, ќе се изјасни пред Собранието.
На Комисијата за прашања на изборите и именувањата имаше девет предлози за уставни судии, три од владејачкото мнозинство и шест од опозицијата. Освен овие тројца, за уставни судии беа предложени и професорката Родна Живковска, пензионираниот професор Саво Климовски, шефот на Вишото обвинителство од Штип, Тодор Витларов, охридскиот обвинител Воислав Димоски, управната судија од Битола, Весна Јовановска и пензионираниот гостиварски судија Бранко Секулоски.
Во меѓувреме во пензија замина и уставната судијка Вангелина Маркудова, така што Собранието треба да започне постапка за избор на уште еден уставен судија.
Минатата недела од Уставниот суд повторно упатија апел до Собранието да се изберат тројца судии со цел судот непречено да функционира како што е предвидено со Уставот.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари
-
Татко ја пријавил за исчезната малолетната ќерка, таа се јавила од Косово
-
Криминалци со пиштоли влегле во фирма за брзи кредити и украле 5000 евра
-
Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки