-->
-->
Продолжува изборната кампања - партиите на митинзи ги претставуваат програмите
-->
Политичките партии денеска, на деветтиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Гостивар и во Тетово.
СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Македонска Каменица и во Делчево.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во Тетово и Гостивар и ќе одржи трибина во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево.
Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе одржи митинг во Боговиње.
Kоалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓаните на Пржино, Црниче и Кисела Вода.
Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Теарце и во Бутел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија