Продолжува интервјуирањето на кандидатите за членови на Антикорупциската комисија
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да продолжи интервјуирањето на кандидатите за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
За новиот состав на Антикорупциската комисија пријавени се 42 кандидати. Се очекува испрашувањето на кандидатите да заврши денеска, а одлуката кои кандидати го минале комисискиот филтер да се знае до крајот на следната недела.
Комисијата за селекција на кандидатите беше формирана на 14 овој месец согласно Одлуката на Собранието за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК.
Мандатот на актуелните членови на Комисијата - Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор. Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари следната година.
Ново на Сител
-
Синоќа полициска акција на неколку локации низ државата
-
Премиерот Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори
-
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците
-
Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
-
Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ
-
Утрото студено и магливо, преку денот сончево
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“