Продолжува донирањето за доизградба на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево
Продолжува донирањето за доизградба на собирниот храм „Св.Кирил и Методиј” во Делчево. Како еден од првите донатори градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, испрати апел до граѓаните и до фирмите во Делчево да се вклучат во донаторската акција.
-Испраќам апел до сите поединци, но и фирми, да донираат и сите заедно да бидеме горди на верскиот храм, кој по својата габаритност и убавина, ќе биде украс на градот и најголем и најубав верски објект во регионот. Станува збор за храм кој го носи потписот на сите нас, посветен на браќата Кирил и Методиј кои Делчево ги слави како свои заштитници, истакна Трајковски.
Неговиот пример го следеа и останати вработени во локалната самоуправа, а донации се собираат и во институциите во Делчево.
Доизградбата на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ е во завршна фаза. Со поддршка од донаторот Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“, изградена е фасадата на црквата, а поставени се и влезните врати кои се донација од фирмата ДООЕЛ „АлДариво“ од Пехчево.
Неодамна, Општина Делчево отвори посебна сметкa, на која ќе можат да се уплаќаат донации за доизградба на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Донации можат да уплаќаат и правни и физички лица.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
-

Скопје во новогодишно светло
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-

Точката за разрешување на Коцевски утре пред пратениците
-

Власта ја поднесе својата резолуција против мигрантите и лажните вести на опозицијата
-

Апелација ја одбила жалбата на Љупчо Пецов 10 дена пред адвокатот Стафа да земе пари за поткуп на судија
-

Вечерва ќе светне новогодишната елка и ќе биде отворен божиќниот маркет на плоштадот Македонија
-

Трезорот работи, а буџетот е во одлична кондиција, вели министерката за финансии

