Балкан
28. August 2016 - 13:58

Продолжува апсењето на универзитетските професори во Турција

Четириесет вработени на Универзитетот Ататурк во Ерзурум, централна Турција се приведени во рамките на истрагата против терористичката организација на Фетулах Ѓулен, јави турската приватна телевизија НТВ.

Полицијата извршила претрес во Универзитетот при што се приведени 36 професори и доценти, како и четворица службеници.

Полицијата трага по уште четири лица.

По обидот за воен удар на 15 јули турските власти почнаа масовни чистки под обвинение дека се поддржувачи на Ѓулен.

Ново на Сител