Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска попладне треба да продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година.
Според податоците објавени на веб страницата, седницата е закажана во 18 часот.
Во текот на вчерашниот ден беа прифатени неколку амандмани од опозицијата со кои се бараше доопремување за службите за Брза помош.
За Предлог-буџетот за 2026 година се поднесени вкупно 200 амандмани, а по завршување на амандманската расправа во собранската Комисија се очекува на 9 декември за него да се расправа на пленарна седница.
Во Предлог-буџетот за 2026 година вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи на 413,9 милијарди денари. За капитални инвестиции се планирани 40,5 милијарди денари. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен неготинец, со 2,99 промили алкохол во крвта се заканувал на неговиот татко
-

Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов: Никогаш не би дозволил да фали нешто во клубот каде се собираат сите млади и моите деца
-

Грчките земјоделци го блокираа граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Од вечер дожд и на планините снег
-

Илија Панов од Кавадарци осуден на 16 години затвор за убиството на партнерката
-

Бигорски Манастир предупредува: Лажни „чудотворни“ лекови се продаваат под нивно име
-

За 24 часа 110.000 сообраќајни прекршоци само во Скопје
-

Сите обвинети за пожарот во „Пулс“ негираат вина
