-->
-->
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-->

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година.
За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, како и 40,5 милијарди денари капитални инвестиции.
Во Собранието седница ќе одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на оваа комисија е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија, во второ читање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
