Македонија
28. September 2015 - 19:13

Продолжи судењето на Тони Станоев за трикратното убиство во Кавадарци

Во пресметлива состојба Тони Станоев го сторил трикратното убиство. Според сведочењето на невропсихијатарот, кај Станоев не е забележано психичко растројство. На денешното судење, искази дадоа и вештаците од судска медицина и МВР. Утврдиле дека Станоев пукал од мало растојание кон родителите и сестрата на сопругата. Ја исклучија можноста пиштолот црвена застава сам да испука. Токму ова беше неприфатливо за одбраната на Станоев.

Според одбраната на оштетеното семејство, освен доказите и денешните искази на вештаците ја откриваат вината на Станоев.

На 9-ти ноември минатата година се случи трикратното убиство. Според кривичниот закон, за ова на Станоев му се заканува и доживотен затвор..