Продолжи собраниската комисиска расправа за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. Дискусијата почна со пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ кој уште еднаш го искажа партискиот став - дека со ребалансот не се предвидени средства за пораст на минималната плата, за плати на здравствените и просветните рабтници, за Армијата и полицијата.
Како што истакна Трајчулески, со ребалансот се суспендираат колективните договори и сите барања на синдикатите, а нема пари ниту за работниците и за нивните семејства.
-Ребалансот покажува дека Владата е конфузна и без јасна визија за развој на државата. Со ребалансот граѓаните добиваат нови задолжувања, зголемен е јавен долг, а има и раст на дефицитот, подвлече Трајчулески.

Според него, Владата го употребува класичното алиби - „нема пари“, зад што стои, како што рече, недостиг на капацитет да испорача резултати и реформски политки.
-Се надевам дека ова е само лош почеток и дека Владата ќе почне да постапува во интерес на граѓаните, истакна пратеникот од опозицијата, додавајќи дека СДСМ ја поддржува поддршката на општините за изградба на инфраструктурните проекти.
Ова е трет ден од расправата за ребалансот на Буџетот. Општата расправа за ребалансот на Буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена. Завчера, на првиот ден од расправата, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон.
Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.
Ново на Сител
-

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила
-

Трамп ја поздрави одлуката на МОК за забрана на трансродови жени во женска конкуренција на ОИ
-

Советот на јавни обвинители не избра нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје
-

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
