Македонија
26. December 2019 - 16:39

Продолжи рочиштето за случајот „Титаник“

„Ќе судите додека не добиете одлука“ – ваква телефонска наредба испратил Судскиот совет до судијата во „Титаник“ во чиј судечки состав е поротничката со истечен мандат.

Осман Шабани во судницата рече дека совет барал и од претседателот на Кривичен.

„Читајќи го дописов, не сфатив дека претседателот Џолев бара престанок, туку вика „Доколку Судскиот совет не одлучи за продолжување на мандатот, да отпочне постапка за престанок на функцијата поротник“, што значи не отпочнал“, оценува Шабани..

Од судскиот совет пак негираа дека издавале телефонски наредби.. Велат дека немале никакви контакти со судии од кривичен .. За мандатот на поротничката, ќе расправале во понеделник..

„Точката за утврдување престанок на функцијата поротник беше на вчерашната седница, но поради обемниот дневен ред, за неа ќе се разговара на продолжението на седницата закажано за идната недела“, вели првиот човек на Судскиот совет..    

Претходно информираа дека неприфатлив е предлогот на претседателот на Кривичниот суд за продолжување на мандатот на поротниците оти според Законот за судови, нивната функција престанува со навршување на возраст од 60 години..