Продолжи расправата за уставните измени во Собранието
Во Собранието на Република Македонија продолжи расправата за Предлогот за пристапување кон уставни измени.
Ова е трет ден од расправата за предлогот, што до Собранието беше доставен од Владата на Република Македонија, а кој произлегува од Договорот од Преспа. Според информациите од Собранието, голем дел од пријавените пратеници за збор се повлекле, но сепак, гласањето најверојатно ќе се случи во петок.
Пратеничката Јулијана Николова од ЛДП, истакна дека одговорноста сега е на пратениците и дека сите заедно 120 пратеници треба да застанат зад одлуката за НАТО и за ЕУ.
Според Николова, најголем проблем на пратениците од опозицијата е партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ да не се поддржат уставни измени со цел промена на уставното име.
Бранко Манојлоски од ДУИ предложи на секој, како што кажа, Вмровец кој ќе гласа за договорот државата да стои зад него, ама прво да гласа и да се амнестираат сите грешници. Се е економија, пари, рече Манојловски, кој рече дека треба да се гледа во иднината а не во минатото.
Од пладне повторно беше затворен сообраќајот на булеварот пред Собранието на Република Македонија поради протест против уставните измени на помала група граѓани.
Ново на Сител
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?