Продолжи комисиската расправа за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески
Во Собранието денеска почна продолжението на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии.
Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелацискиот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ.
Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.
Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.
Ново на Сител
-
Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили
-
Просечната нето плата во март 44.763 денари
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години