Продолжи дебатата за избор на новата Влада
Собраниската седница за избор на нови министри во Владата денеска продолжи со меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата за криминал и корупција, а во фокусот исто така беа и наводите за имотите на лидерите на Алијанса на Албанците Арбен Таравари и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Останати за дебата се помалку од десет пратеници, така што може да се очекува новите министри да бидат изгласани до вечер, а веќе утре да ја започнат својата работа.
Се дебатира нови членови на Владата да бидат Кренар Лога, во ресорот правда, Фатмир Меџити, е предложен за министер за здравство, Азир Алиу за министер за информатичко општество и администрација и Каја Шукова, за министер за животна средина и просторно планирање.
Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека образот, како што кажа, „на ВД премиерот“ Димитар Ковачевски е „многу валкан и мнгу криминален“.
-Денес во Македонија има „Пазар 3“ коалиција на чело со Артан Груби, рече Коцевски додавајќи дека „цела недела владејачките партии зборуваат дека коалицијата им се зголемува, а таа остана, барем кога беа разрешени министрите на 64 пратеници“.
Коцевски го критикуваше Ковачевски дека во своето обраќање не кажал ниту еден збор за кандидатите што ги предлага за министри.
-Слободно можам да констатирам дека целата оваа ситуација е пазар за спас на Артан Груби, за спас на Ковачевски и најблиските луѓе околу Груби и Ковачевски. Ете тоа е вашиот европски пат и ништо друго, рече Коцевски
Пратениците од СДСМ, пак, прашуваа како е можно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со професорска плата да има имот во Скопје, Охрид и Црна Гора.
-Кога зборувате за криминал, треба да имате образ и да се потсетите дека вашиот партиски лидер изградил куќа од еден милион евра и тоа не го кажувам јас, тоа го кажуваат портали на кои вие како политичка партија нарачувате текстови, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски прашувајќи за наводен имот во Скопје, Охрид или Црна Гора.Прашањата што овде ги слушаме со денови, рече Каевски не треба да ги насочите кон парламентарното мнозинство, туку кон вашиот партиски лидер. -Треба да го прашате зошто ве лажеше дека ќе има ново парламентарно мнозинство, дека час поскоро ќе има парламентарни избори. Треба да го прашате зошто играше во вас, за вие тука да зборите за се и сешто додека тој трупаше имот, рече Каевски.
Елми Азири од АА одговори на обвинувањата на сметка на неговата партија, како и дека со влегувањата во Владата ја спасуваат ДУИ и оти Таравари речиси на подарок добил куќа во Тафталиџе.
Азири рече дека АА покажала дека е сидро и гаранат на евроинтеграцискиот процес и дека настапува државнички. За криминал, додаде тој, може да зборува секој пратеник, само не пратениците од ВМРО ДПМНЕ. За Таравари рече дека работи 30 години како лекар и дека може да си купи куќа.
Седницата продолжува по редовната пауза во 15 часот.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели