Продолжение на 71. собраниска седница

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од продолжението на 71. седница изгласа неколку закони по скратена постапка.
Пратениците ги изгласаа Предлог на законот за изменување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, дополнувањето на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка и ЈП за државни патишта, како и Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка по Договорот за заем за Вториот проект за подобрување на општинските услуги, сите по скратена постапка.
Седницата ќе продолжи во понеделник во 12 часот.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
