Продолжена вакцинизацијата во Србија, но и работното време на рестораните до 20 часот.
Вакцината против коронавирусот, по Белград и Нови Сад, денеска ќе ја примат корисниците на домови за стари лица во Крагуевац и Ниш, јави дописникот на МИА од Белград.
Имунизацијата започна вчера со вакцинирањето на премиерката Ана Брнабиќ, епидемиологот Предраг Кон, министерката за труд Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, како и во старечките домови во Белград и Нови Сад.
Вакцинацијата во Србија, која засега се одвива со Фајзеровата вакцина е на доброволна база.
Како што пишуваат медиумите кај вакцинираните досега не се јавиле никакви сиптоми после имунизацијата.
Претседателот на Националното координативно тело за имунизација, Мирсад Ѓерлек, изјави дека одлучиле да ја започнат вакцинацијата од поголемите градови, бидејќи таму се наоѓаат најголемите жаришта, а се врши имунизација на лица постари од 65 години бидејќи повеќето од пациентите на болничко лечење се на таа возраст.
-Не ни опаѓаат бројки во болниците и единиците за интензивна нега. Затоа им дадовме мала предност на луѓето во домовите за стари лица затоа што тие се застапени во голем број меѓу хоспитализираните, изјави тој.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјави дека на денешната седница на Кризниот штаб, на барање на Сропанската комора на Србија и на градот Белград, одлучено е трговските центри, услужните продавници, како и малопродажни објекти и угостителите за време на викендот да работат до 20 часот .
Медиумите објавија дека конечната одлука за мерките за Нова година и Божиќ не е донесена и дека за понеделник е закажана нова седница на штабот.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест