Бизнис
13. October 2021 - 17:06

Продолжен рокот на тендерот - ќе успее ли државата навреме да увезе јаглен?

Ќе успее ли земјава да го најде потребниот јаглен за РЕК и Осломеј? ЕСМ соопштија дека  рокот на тендерот за набавка на еден милион тони јаглен е пролонгиран до понеделник. Тоа го барале заинтересираните фирми, за да може да достават комплетна понуда.  Интерес имало од компании од Србија, Косово, Грција, но и од земјава. Нема информација која е домашната фирма, но во летните месеци за потребите на ТЕЦ Оломеј,  јаглен се набавувал од место во близина на Струга. Оваа централа од утринава повторно е активна и ќе работи една недела. Од  ЕСМ се надеваат дека постапката за набавка на јагленот  ќе биде успешна.

-Продолжува засилениот ископ на домашен јаглен, но за да можат во краток рок да се вклучат максималните капацитети на термоелектраните согласно моменталните потреби на стопанството за поевтина електрична енергија, потребно е да се набави јаглен и сметаме дека постапката успешно ќе се реализира велат од ЕСМ.

Експертите претходно предупредија дека со увозот на јаглен многу се доцни.

Увозот на јаглен е само една мерка која се превзема за справување соп енергетската криза.

Високите цени на струјата им направија проблеми и на фирмите кои се занимаваат со снабдување. Од 13 вакви компании, против 8 е покрената постапка за одземање на лиценците за работа. тие продавале струја на повеќе институции и општини. Меѓу нив се АЕК, Царина, Агенција за вработување, министертво за финансии. Сепак од таму појаснуваат дека нема опасност да останат без струја. Додека најдат нов снабдувач струја ќе добиваат од Универзалниот.

Засега е сигурно дека цената за домаќинствата ќе остане иста уште два месеци , но по Нова година не се знае што ќе се случува иако дел од експертите  очекуваат  таа да се зголеми.  Прогнозите се дека по првата половина од 2022 цената на светките берзи ќе се стабилизира.