„Продиџи“, Ал Ди Меола и ди-џеите Ники Ромеро и „Лост Фриквенсис“ на програмата на првото издание на „Ohrid Calling“
Концертите на на ди-џејите Ники Ромеро и „Лост Фриквенсис“ на 1 август, на светски познатиот гитарски виртуоз Ал Ди Меола на 13 и на атрактивните „Продиџи“ на 14 август се учесниците на првото издание на „Ohrid calling“, фестивалот осмислен како начин на промоција на туристичката понуда на Охрид.
На денешната прес-конференција по повод фестивалот градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека благодарение на позната продукциска куќа од земјата се реализира овој фестивал, како нов квалитет во културно-забавниот живот во градот и атракција за туристите.
- Сметам дека овој фестивал ќе биде само иницијален момент за поширока ангажираност на сите субјекти во градот и земјата во организација на туристичката и културната понуда на Охрид. Фестивалот е осмислен во иднина да привлече познати музички имиња од целиот свет, манифестација што ќе се развива од година во година, како атракција што ќе го направи Охрид регионален центар за концерен туризам, рече тој.
Денис Илиоски, претставник на продукциската куќа што е организатор на настанот, најважно е што фестивалот „Ohrid calling“ е фестивал на секој охриѓанец, секој македонец.
- На огромно задоволство со помош на Локалната самоуправа стартуваме со проектот „Ohrid calling“. Охрид ги има сите предуслови да покаже дека заслужвува ваков фестивал од светски калибар. Примерите на „Егзит“ во Нови Сад кој направи чудо во светски рамки и на сплитскиот „Супра“ фестивал кој минатата година ја спаси локалната летна туристичка сезона, се само потврда на светските искуства дека концертниот туризам зема се поголем замав, рече Илиоски.
Тој појасни дека доказ за квалитетот на содржините од годинешниот „Ohrid calling“ е продажбата на билетите, за кои веќе има голем интерес не само во Македонија, туку и во Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Грција, а се најавени и големи тури со заинтересирани гости и од Велика Британија.
Позитивни се и реакциите на самите учесници на „Ohrid calling“. Ал ди Меола, како што беше истакнато на прес-конференцијата, е воодушевен што ќе свири на Античкиот театар, изјавувајќи дека со големо нетрпение го очекува настапот во Охрид, најавувајќи продолжен четиридневен престој во нашето најпознато летувалиште.
Од Локалната самоуправа уште истакнаа дека со добар маркетинг и промоција ќе биде упатен повик до останати светски продукциски куќи да бидат дел од организацијата на следните изданија на „Ohrid calling“ фестивалот.
Ново на Сител
-
Мицкоски од Росоман: На 19 октомври ќе биде референдумско заокружување на бројот 9 и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
-
Рама: Западен Балкан не е проблем што треба да се реши, туку решение што чека да се интегрира
-
Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион
-
На ГП „Блато“ за девет месеци историски рекордна бројка - над милион патници или 74 отсто повеќе од истиот период лани
-
Песков: Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на САД, што може да има лош крај
-
Трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва: Почина првоосомничениот полициски инспектор Владо Петров
-
Најголемиот саем за технологија во светот, Gitex Global, доаѓа во Југоисточна Европа, а домаќин ќе биде Белград!
-
Јужна и северна распродадени на пет часа пред Македонија - Казахстан, останати карти само за западната трибина