Продадени осум градежни парцели во Гевгелија

Општина Гевгелија на електронско јавно наддавање продаде осум од понудените десет градежни парцели распоредени на три локации во градот.
Најмногу, поточно четири градежни парцели што постигнаа цени од 71 до 101 денар од квадрат ,беа продадени во станбената населба „Караорман“. Две градежни парцели со постигната цена од 71 денар од квадратен метар беа продадени во населбата кај Моински пат, а наддавањето заврши и за понудените две парцели за резиденцијални објекти во атрактивната населба „Мрзенски рид“ кои постигнаа цени од 91 и 271 денар за квадратен метар.
Поради немање заинтересирани понудувачи две градежни парцели останаа непродадени, а на 18 јули претстои електронско јавно наддавање за една понудена парцела за градење објект од лесната индустрија.
Од општината соопштија дека на електронското јавно наддавање учествувале 15 понудувачи и дека почетната цена на сите продадени градежни парцели изнесувала 61 денар од метар квадратен.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
