Прочистителната станица во Скопје, во фокусот на разговорите на вицепремиерот Битиќи и Бјорн Габриел, од Европската инвестициска банка
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска остварил средба со Бјорн Габриел, од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во земјава.
Поддршката што Европската инвестициска банка во континуитет и ја дава на Северна Македонија, преку реализација на проекти кои се од витален интерес за нашите граѓани, била темата на која разговарале Битиќи и Габриел.
Од владината прес-служба соопштија дека на средбата акцентот бил ставен на реализацијата на прочистителната станица во Скопје, како и за реновирање и рехабилитација на водоводната инфраструктура во сите наши општини каде тоа е потребно.
- Соговорниците споделија информации и за реализацијата на последната делница од железничкиот коридор VIII/исток, од Крива Паланка до границата со Република Бугарија, кои сега се во завршна фаза, но разговараа и за потенцијален нов проект за Климатски отпорна инфраструктура која ќе се финансира и од Климатскиот зелен фонд, соопштија од Владата.
Инаку, Европската инвестициска банка како долгогодишен партнер на земјава има инвестирано околу 1,1 милијарди евра во Северна Македонија од 1991 година, главно за да ја поддржи клучната транспортна инфраструктура и да помогне да се обезбеди снабдување и безбедност со енергија.
Ново на Сител
-
Пред пратениците следниот месец закон со кој ќе се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот, најави Гаши
-
Трамп блокираше помош од 50 милиони долари за кондоми за Хамас
-
ЕК одвои една милијарда евра за проекти за развој на нови одбранбени технологии и капацитети
-
Притвор од осум дена за хирургот од Битола осомничен за земање поткуп
-
Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон
-
Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји
-
Кошта: Членките на ЕУ и НАТО се подготвени да ги зголемат трошоците за одбрана на над два отсто од БДП
-
Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести