Македонија
30. July 2016 - 16:49

Проблем со паркингот во Тетово

Летниот период е време кога во Тетово уште повеќе се зголемува сообраќаен метеж бидејќи доаѓаат печалбарите со своите возила. Поради зголемената фрекфренција на автомобили  и недостиг на паркинг места од службите на општина Тетово се одлучиле дел од јавните простори во градот да ги прилагодат за паркирање.

Од локалната самоуправа повторно најавуваат дека ќе се проширува зонското паркирање на дел од постоечките улици како и на други.

Во зависност од финансиките можности од општината се најавува и изградба на паркинзи од затворен тип.